Новата француска Влада ја доби довербата на Националното Собрание

Од:

По претставувањето на општата политика на новата француска Влада од страна на премиерот Жан Кастекс, пратениците и изгласаа доверба на владата, јави дописникот на МИА.

Владата на Кастекс доби јасна поддршка од 345 пратеници од вкупно 577 пратеници, колку што брои Националното Собрание. Против владата гласаа 177, 43 се воздржаа, додека другите не зедоа учество во гласањето.

-Ние имаме 600 дена пред нас, 600 дена за да ги заштитиме Французите, изјави од говорницата премиерот Кастекс.

Апсолутен приоритет на владата е борбата против невработеноста, посебно на младите со ослободување на давачките за претпријатијата кои вработуваат млади до 4.000 евра годишно. Преку планот за закрепнување на економијата, за што се предвидени 40 милијарди евра за реконструкција на индустријата, од кои 20 милијарди евра се за намалување на даноците и давачките за претпријатијата. Дваесет други милијарди евра се наменети за заштитата на животната средина и еколошката транзиција.

Владата не се откажува од реформата на пензиите, најави зголемување на социјалниот додаток за учениците од 100 евра, што се дава на почетокот на учебната година, оброци од едно евро за студентите-стипендисти. За здравството се наменети инвестиции од шест милијарди евра, како и нова децентрализација и длабока реорганизација на државата.

Премиерот Кастекс најави и закон „против сепаратизмите“ за да се избегне некои групи да се затворат околу етничката и религиозната припадност, како и волјата за борба против радикалниот ислам, кој останува една од најголемите грижи.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата