Новата десноцентристичка Влада на валонскиот либерал Шарл Мишел денеска положи заклетва пред белгискиот крал Филип, со што официјално ја презема должност, четири месец по одржувањето на парламентарните избори.
Во новата Влада, покрај либералното валонско Реформско движење, (МР) учествуваат и уште три фламански партии – националистичката Нова фламнска алијанса (НВА), партијата Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) и Фламанските либерали и демократи (ВЛД).
Владата денеска положи заклетва откако четирите нови коалициски партнери синоќа постигнаа договор за поделба на министерските ресори.
Шеф на белгиската диплмоатија и во новата Влада остана либералот Дидие Рејндерс, министер за финансии е Јохан ван Овертвелд, за одбрана Стивен Вандерпут, а за внатрешни работи Јан Јамбон.
Примарна цел на новата белгиска Влада ќе биде намалување на буџетскиот дефицит, за што треба да се воведат мерки за заштеда на околу осум милијарди евра до 2018 година.