Б-92 – Белград
Во форензичка анализа, авторот на книгата „Досие Ли Харви Освалд: Зошто ЦИА го уби Кенеди‟, Филип де Меј открива нова теорија за атентатот, за која вели дека претходно не била земена предвид.
Де Меј верува дека Освалд не бил на шестиот кат на зградата од која на 22 декември во 1963 година било пукано врз Кенеди. До оваа сознание дошол по анализа на тврдењата на тројца клучни сведоци и заклучил дека тие лажеле или дале неточни изјави.
Во ненадеен пресврт Де Меј исто така тврди дека пушката на Освалд била користена во атентатот, иако тој не пукал од неа.
Тој тврди дека Освалд бил само „жртвено јагне‟, а атентатот го извршил неидентификуван маж по наредба на ЦИА која Кенеди го сметала за предавник на САД. Овие тврдења додаваат ново светло на интригите за смртта на Кенеди.
Од убиството во Далас објавени се десетици теории на заговори околу атентатот на најпопуларниот американски претседател, а заклуќоците на двете комисии кои го истражувале случајот биле противречни.
Според официјалната верзија, Освалд во време на убиството на Кенеди во 12.30 часот се наоѓал на шестиот кат на зградата „Тексас Скул Бук Депозитари“, во која во тоа време бил вработен.
Ако е тоа точно, пишува Де Меј, Освалд требало да биде покрај прозорецот гледајќи ја колоната во која се возел Кенеди некое време пред тоа, за да ја состави пушката. Но, приказните на сведоците се противречни за тоа каде точно во зградата се наоѓал Освалд пред атентатот.
Освен тоа, главниот сведок кој рекол дека го видел Освалд на прозорецот, стоел спроти зградата на другата страна од улицата. Меѓутоа, според подоцна објавените фотографии, на кои се гледа каде стои тој сведок, Де Меј заклучува дека е невозможно од таа далечина да се препознае лицето кое се наоѓало на прозорецот од кој е извршен атентатот.
На почетокот, потенцира Меј, сведокот го опишал како многу постар, а пред физичкото препознавање ја видел неговата фотографија, бидејќи ја емитувале телевизиските станици.
Освалд не бил добар стрелец, ниту вежбал пукање, т.е. неколку пати колку што бил во стрелиште, сопственикот на стрелиштето вели дека тој пукањето не го сфаќал сериозно. На судењето објаснил дека е можно да се погоди цел од нецентрирана пушка, а дека исто така е можно да се погоди цел ако не се вежба многу.
Но, со комбинација на нецентрирана пушка и слаба или никаква вежба, шансите се многу мали целта да се погоди и тоа два пати, а со толку куршуми бил погоден Кенеди.