Нова студија на Јејл открива: Повозрасните жени се поотпорни на коронавирусот од нивните врсници мажи

Од:

Повозрасните мажи кои се заразуваат со Ковид-19 имаат двојно поголема веројатност тешко да заболат, но и да починат од компликации, одошто жените, стои во новата студија објавена денеска.

Новите научни откритија укажаа на тоа дека мажите кои имаат над 60 години можеби повеќе ќе треба да се потпрат врз вакцините против вирусот со цел да се заштитат. Истражувачите од Универзитетот Јејл исто така утврдиле дека мажите на оваа возраст имаат послаб имунолошки одговор на вирусот отколку жените.

Активирањето на Т-клетките, кои можат да го запрат ширењето на смртоносниот вирус, кај жените заразени од Ковид-19 било значително посилно, објаснуваат авторите на студијата.

„Уште поважно, откривме дека слабиот одговор на Т-клетките е во корелација со возраста на пациентите, како и со лошиот исход на болест кај мажите, но не и кај жените пациенти“, продолжија тие.

Тимот анализирал реакции на имунитет кај 17 мажи и 22 жени кои биле примени во болница веднаш откако биле заразени. На секои три до седум дена, пациентите давале крв и урина, а им биле собирани и брисеви од грло и нос.

Пациентите приклучени на респиратори не биле предмет на анализата од престижниот универзитет.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД