Нова саботажа во Франција, на удар се телекомуникациските оператори

Од:

Франција е погодена од нова рунда саботажни акти, овојпат насочени кон телекомуникациските оператори, соопшти полицијата.

Оптички мрежи на повеќе оператори биле „саботирани“ во шест области на Франција, соопшти полицијата.

Главниот град Париз, кој во моментов е домаќин на Олимпијадата, не беше погоден.

Вандализирани се инсталациите на француските телекомуникациски компании SFR и „Bouigues Telecom“, објавија францускиот весник Le Parisien и TV BFM.

Netblocks соопшти дека податоците покажуваат прекини на повеќе даватели на интернет услуги во Франција.

Францускиот државен секретар за дигитални прашања Марина Ферари ги потврди вандалските дејствија извршени во неделата вечерта.

Ферари рече дека Одбранбениот центар за електронски комуникации работи со операторите додека комуникациите и услугите не бидат целосно обновени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција