Нова одлука на ЕУ: Иранската револуционерна гарда официјално е на листата на терористички организации

Од:

Министрите на Европската унија се согласија да го додадат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) на списокот на терористички организации на блокот, изјави денес шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

– Министрите за надворешни работи на ЕУ презедоа решителен чекор со тоа што ја означија ИРГЦ како терористичка организација. Секој режим што убива илјадници свои луѓе работи кон сопствен пад, напиша Калас на својот профил X.

Порано денес, министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нови санкции кон Иран, насочени кон поединци и субјекти вклучени во насилното задушување на демонстрациите и поддршка на Русија.

Со воведување санкции врз ИРГЦ, ЕУ ја стави Гардата на истата листа како и терористичката организација Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Трамп: Иран нема да има нуклеарно оружје

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран