Нова награда за човекови права ќе биде основана во чест на Вацлав Хавел

Од:

Нова награда за човекови права ќе биде основана во чест на поранешниот чешки претседател и дисидент Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од Прага.

По тој повод, денеска во главниот град на Чешка од претставници на библиотеката која го носи името на Хавел, Движењето 77 и претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа беше потпишан основачкиот документ за наградата која ќе се доделува во октомври секоја година.

Според чешкото Министерство за надворешни работи, наградата „Вацлав Хавел“ на европско ниво ќе ја има истата важност како и актуелната награда „Сахаров“ што Европскиот парламент ја доделува за слобода на мислата, повеќе од 20 години.

Идните лауреати на наградата „Хавел“ покрај диплома и трофеј ќе добиваат и 60.000 евра, сума која ќе биде финансирана од основачите.

Хавел, кој почина на 18 декември 2011 година, беше последниот претседател на Чехословачка, по што стана и претседател на самостојна Чешка во 1993 година. Поет и драматург беше познат по неговата борба за човекови права во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот