Нова легислатива за силувачите во Германија

Од:

Германската Влада ги одобри промените во Кривичниот закон со кои во иднина полесно ќе се носат пресуди за сексуалните престапници, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според старите закони, со кои се гонеа случаи на силување, жртвите покрај вербален отпор мораа да докажат дека дале и физички отпор на силувачот.

Законот, кој допрва треба да биде усвоен од Парламентот, е донесен по новогодишните инциденти во Келн и други германски градови, каде стотици жени беа жртви на вербални и физички сексуални напади од страна на имигранти.

Германскиот министер за правда Хајко Маас вели дека предлог-законот е важен чекор во заштита на жртвите на сексуално насилство.

Со промените на законот за носење пресуда против силувачите нема да има потреба жртвата да докажува дека физички се спротивставила при сексуално насилство. Измените ќе овозможат полесно да се санкционираат случаи во кои жртвите биле фатени на изненадување или предходно преплашени или пак биле во врска под принуда со насилство. 

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија