Нова книга за Ватикан: 80 отсто од свештениците се хомосексуалци

Од:

Околу 80 отсто од свештениците во Ватикан се хомосексуалци, се тврди во новата книга на поранешниот советник на владата на Франција Фредерик Мартел.

Именувајќи го феноменот како „ватиканско хомофобно лицемерие“, Мартел во својата книга „In the Closet of the Vatican“ зборува за наводни тајни врски, машки проститутки и вџашувачко лицемерие од страна на најголемите анти-геј структури во Католичката црква.

Во книгата која треба да излезе од печат следната недела се посочува дека тие свештеници нужно не биле сексуално активни. Авторот тврди дека некои хомосексуални свештеници ја прифатиле својата сексуалност, некои ја држеле во тајност, а дел од нив повремено ја практикувала, изложувајќи се на ризик. Меѓутоа, некои од нив цел живот ја порекнувале својата сексуална ориентација, пренесува „Гардијан“.

Книгата од 570 страници, која новинарот и пистател Мартел ја подготвувал четири години, следната среда ќе биде објавена на осум јазици во 20 земји, а се совпаѓа со денот на отворање на големата конференција во Ватикан за сексуалното злоставување.

Иако книгата не ја поврзува хомосексуалноста со сексуалното злоставување деца, Мартел во книгата опишува дека одделни свештеници биле учени да не го осудуваат злоставувањето и со самото тоа дел од жртвите на сексуални напади и по неколку децении молчеле за тортурите низ кои минувале.

Би можело да ве интересира

Новата книга од Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма“ ќе биде промовирана во МКЦ

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ