Во источниот украински град Лугањск пристигна колона од над 80 камиони со хуманитарна помош од Русија. Москва испратила за жителите на Лугањската област храна и лекови.
Во Лугањск и во Доњецк, ќе бидат денеска доставени вкупно над 1.800 тони хуманитарна помош.
Колона од 170 камиони ноќеска се упатиле од Донскиот центар за хуманитарни работи во Ростовската област. Тоа е 16-та хуманитарна колона на руските власти за Источна Украина. Од август лани досега, Русија испратила над 20 илјади тони хуманитарна помош за жителите на Доњецката и Лугањската област.