(ВИДЕО) Драма во Мексико: Вулканот Попокатапетл исфрли камења, што летаа 1,6 километри

Од:

Вулканот Попокатапетл во Мексико исфрли камења, што летаа 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана.

По ерупцијата над вулканот се издигна пепел во висина од три километри.

Вулканот Попокатапетл е висок 5.426 метри и е активен последните месеци, неколку пати исфрли камења и пепел.

Околу 25 милиони луѓе живеат во круг од околу сто километри од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата