Нова експлозија и истрели во „Вестгејт мол“ во Најроби

Од:

Од трговскиот центар „Вестгејт мол“ во Најроби, кој пред четири дена беше нападнат од сомалиски исламисти, утринава повторно се слушнаа експлозија и истраели, јавија западните медиуми.

Кениските безбедносни сили соопштија дека зградата на шоопинг центарот од синоќа е под нивна контрола и „речиси сите“ заложници се спасени, но денешните случувања во „Вестгејт мол“ најверојатно значат дека операцијата на „чистење“ на објектот продолжува.

Известувачите на западните медиуми од Најроби јавуваат дека утрово од трговскиот центар било изнесено тело, како и дека во зградата се гледаат палмени јазици и од неа се крева чад.

Според непотврдени информации, мала група сомалиски исламисит се уште држи „десет или повеќе заложници“ во центарот.

До вчера официјалната информација беше дека во нападот на исламистите загинале 62 лица.

Трговскиот центар беше нападнат во саботата од припадници на сомалиската исламиситчка група Ал Шабаб. Дел од луѓето кои се наоѓале во зградата успеаја да избегаат уште во првите часови од нападот, додека неколку десетици беа задржани како заложници. Бројот на заложниците досега не е точно утврден.

По нападот и заземањето на дел од центарот, исламисите изминативе денови ослободија поголем број од заложници, а некои од нив успеаја сами да побегнат.

Наспроти официјалните тврдења на властите, припадници на кениските сили за безбедност кои упаднаа во трговскиот центар, изјавија деја досега се уште не успеале да ја проверат целата зграда.

Кениските власти тврдат дека меѓу напаѓачите имало лица со различно потекло, вклучувајќи и американски и британски државјани.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“