Нова драма во близина на границата во Франција: Евакуиран аеродром

Од:

Патничкиот терминал на европскиот аеродром EuroAirport, лоциран на француско-германско-швајцарската граница, во близина на Базел (Швајцарија), Мулхаус (Франција) и Фрајбург (Германија), беше евакуиран, а летовите беа прекинати во петокот наутро откако беше пријавена закана за бомба.

Медиумите претходно во петокот објавија дека заканата е поврзана со летот на Ер Франс за Париз. Но, авиокомпанијата подоцна потврди за Политико дека нема закана за бомба на летот на Ер Франс и дека ниту еден авион не бил евакуиран.

Инцидентот се случи откако Франција е во состојба на зголемена готовност поради безбедносни закани и се наѕира првиот викенд од Олимпијадата во Париз.

Да потсетиме дека стотици илјади патници беа погодени од доцнење и откажување на возовите по, како што изјавија властите, „координирани и злонамерни напади“.

„Операциите за деконтаминација“ по заканата се завршени и воздушниот сообраќај постепено се обновува, изјавија за Политико од француската полиција во Горна Рајна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција