Нова афера со истекување тајни податоци: Како богатите ги кријат парите

Од:

Истекувањето на 11,5 милиони документи од адвокатска фирма во Панама откри како богатите и моќни луѓе ги кријат парите, пишува весникот „Зидојче цајтунг“.

„Мосак Фонсека“, една од најдискретните офшор правни фирми, во период од 40 години им помагала, во услови на целосна неказнивост, на своите клиенти да перат пари и да не плаќаат даноци. Компанијата никогаш не била обвинувана за криминална дејност.

Истечените податоци, наречени „Панамски документи“ се добиени првично од германскиот весник „Зидојче цајтунг“, кој излегува во Минхен. Весникот ги добил од вработен во фирмата, кој предупредил дека го ризикува својот живот, така што неговото име не е споменато.

Весникот ги претставил документите на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари во Вашингтон, кој ги распределил за анализа меѓу медиумите, кои членуваат во него.

Околу 370 новинари во 78 земји учествувале во истрагата, која траела околу една година.

– Вкупно 2,6  терабајти податоци, 11,5 милиони документи и 214 „фантомски“ компании: Панамските документи се најголемото истекување на податоци, со кое работеле новинарите, пишува „Зидојче цајтунг“.

Повеќе од 214 илјади офшор компании се вмешани во финансиските операции во повеќе од 200 држави и територии во целиот свет. Документите се поврзани со најмалку 72 сегашни и поранешни претседатели и 140 други политичари и познати личности со незаконски финансиски трансакции. Меѓу нив се долгогодишниот лидер на Египет Хосни Мубарак и сирскиот преседател Башар ал Асад, кралот на Саудиска Арабија, Мишел Платини, Лионел Меси и други личности од спортските кругови.

„Паманските документи“ фрлаат светлина и за финансиските трансакции, кои придонеле за богатството на членовите на најблиското опкружување на рускиот претседател Владимир Путин. Тие присвоиле повеќе од две милијарди долари со помош на банки и „фантомски фирми“.

Би-Би-Си прецизира дека документите откриваат постоење на мрежа за перење пари, со која се поврзани најблиските соработници на рускиот лидер и банката „Росија“, финансиска институција, која е објект на санкции од САД и ЕУ по анектирањето на Крим од Москва.

Парите биле префрлувани преку офшор компании, од кои две официјално се во сопственост на еден од најблиските пријатели на Путин.

Челистот Сергеј Ролдугин се познава со Путин уште додека биле тинејџери и тој е кум на керќата на Путин, Марија. На хартија Ролдугин натрупал стотици милиони долари спечалени од сомнителни зделки. Но, документите покажуваат дека компанијата е создадена за да го прикрие идентитетот на сопственикот и бенефициентот.

Во документите се појавуваат и здруженија поврзани со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој јавно се декларира како голем борец против корупцијата, а во нив е и името на претседателот на Украина Петро Порошенко.

Во „Паманските документи“ фигурира и исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон, кој имал непријавено учество во банките на неговата земја, кои беа објект на спасувачка програма. Тој е обвинет дека скрил милиони долари инвестиции во банки во земјата зад тајна офшор компанија.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), која веќе е погодена од корупциски скандали, поврзан со нејзини шефови, исто така е спомената во истечените документи. Четворица од 16-те раководители на ФИФА користеле офшор компании, создадени од „Мосак Фонеска“. Во документите фигурираат имиња на дваесетина фудбалери од елитни клубови како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтид. Меѓу нив е и Меси.

Освен фудбалери на листата се и претставници на други спортови, како хокеј и голф.

Откритијата покриваат период од околу 40 години, меѓу 1977 и 2005 година. Во нив се споменуваат и афери со перење пари поврзани со починатиот татко на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска