Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Еквадор, објави Пацифичкиот центар за предупредување за појава на цунами.
Днешниот потрес доаѓа само неколку дена по силниот земјотрес во Еквадор за време на викендот, во кој загинаа над 500 лица.
Епицентарот на денешниот земјотрес бил на 70 километри западно од градот Есмералда, во близина на епицентарот на претходниот потрес, кој беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните информации, денеска почуствувани се два потреси во траење од по 30 секунди, што предизвикало паника меѓу жителите кои масовно излегле на улица.
Се уште нема информации за последиците од денешниот земјотрес.