Нов земјотрес во близина на брегот на Јапонија

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтерова скала го погоди денеска североисточниот брег на Јапонија, но засега не постои опасност од цунами, соопшти националната метеоролошка служба во земјата.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал источно од брегот на префектурата Фукушима, на длабочина од 40 километри под морското дно. Земјотресот бил почувствуван во префектурите Мијаги, Фукушима и Ивате, како и во главниот град Токио.

Претходно, земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтеровата скала ја погоди групата острови во Тихиот Океан, јужно од Токио.

Епицентарот е регистриран на 185 километри југоисточно од јапонскиот остров Иџу, на длабочина од 30 километри под морското дно, соопшти американскиот геофизички институт.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија