Новозеландските градови Отаго, Кенарбери и други реони се зафатени од снежна бура, најголема во последните 20 години.
Поради снежната бура повеќе од 3.000 домаќинства останаа без електрична енергија, а откажани се десетици летови.
Во некои реони на јужниот остров на Нов Зеланд, кој е најблиску до Антарктикот, снежната покривка достигнува и до еден метар.