Нов Зеланд со Фајзер ќе ги вакцинира деца на возраст од 12 до 15 години

Од:

Нов Зеланд одобри употреба на Фајзер/БиоНТек за деца и адолесценти со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, соопшти денеска премиерката на таа земја Џасинда Ардерн.

Нов Зеланд од денеска е во строго „затворање“ откако беше идентификуван еден случај на локална трансмисија на вирусот, прв по речиси шест месеци. Кластерот во Окленд сега има 21 случај на инфекција, од кои 11 нови случаи се регистрирани во изминатото деноноќие..

Ардерн рече дека децата на возраст од 12 до 15 години ќе можат да примат вакцина против коронавирус Фајзер/БиоНТек.

– Безбедно е и добро е да се направи тоа, рече Ардерн.

Претходно, вакцината беше одобрена за луѓе на возраст од 16 години и постари. Обезбедени се две дози со интервал од шест недели.

Со население од пет милиони луѓе Нов Зеланд ќе остане во строго затворање барем до сабота. Земјата досега имаше околу 2.580 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите