Нов Зеланд по 200 години официјално ги именува островите

Од:

Двата главни острови на Нов Зеланд никогаш официјално не се именувани поради административен пропуст кој трае веќе 200 години, па така во светот останаа познати како Северен и Јужен Остров.

Според Географскиот одбор на Нов Зеланд, имињата на островите на мапите се појавуваат по доаѓањето на Европејците на почетокот од 19 век, но тие никогаш немале официјални имиња. По јавните консултации, одборот предложи по две имиња за секој од островите, едно на англиски и друго на маорски јазик.

Англиската верзија ќе биде Северен и Јужен Остров додека маорските имиња се Те Ваипунаму (Река на зелениот камен) за Јужниот и Те Ика-а-Мауи (риба Мауи, маорски бог) за Северниот Остров.

Двете верзии на имињата ќе бидат во употреба во официјалните документи и на мапите. Се очекува именувањето да биде завршено до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите