Нов Зеланд незаконски шпионирал 85 лица, покажуваат проверки на разузнавачката служба

Од:

Новозеландската разузнавачка агенција можно е незаконски да шпионирала неколку десетици лица, покажуваат резултатите од проверката на активностите на службата, што денеска протекоа во медиумите, пренесе ДПА.

Владиното биро за безбедност на комуникациите (ПБСК) можно е меѓу април 2003 година и септември минатата година незаконски да шпионирала речиси 85 лица, соопшти медиумската компанија „Ферфакс“, повикувајќи се на владината проверка на активностите на разузнавачката служба.

ПСБК нема право да ги шпионира лицата кои имаат државјанство или статус со постојано престојувалиште во Нов Зеланд.

Премиерот Џон Ки ја нареди проверката на ПБСК откако се дозна дека службата ги шпионирала телефонските разговори и мејлови на интернет претприемачот Ким Дотком, роден во Германија, и покрај тоа што тој е постојано населен во Нов Зеланд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска