Нов Зеланд ја зголемува минималната дневница и даноците за богатите

Од:

Нов Зеланд ќе ја зголеми минималната дневница на 20 долари на час, како и данокот на луѓето со најголеми приходи на 39 отсто, пишува Гардијан.

Измените стапуваат во сила од утре, заедно со незначителното зголемување на надоместоците за невработеност и боледување. Владата проценува дека зголемувањето на минималната дневница ќе опфати 175.000 работници и ќе ги зголеми платите за 216 милиони долари. Новата највисока даночна стапка ќе влијае на секој што заработува повеќе од 180.000 долари годишно, односно околу два отсто од жителите на Нов Зеланд.

Податоците на Организацијата за економски развој и соработка за 2019 година покажуваат дека минималната надница во Нов Зеланд е меѓу петте највисоки во светот.

Во 2020 година, синдикатите повикаа на зголемување на надницата на 22,10 долари на час за оние кои се на првата линија. Премиерката Џасинда Ардерн најави дека го исполнува предизборното ветување. Таа вети уште многу работи кои следуваат: градење повеќе станови, подобрување на здравствениот систем, инвестирање во образование, обука и можности за работа.

Земјата продолжува да се бори со високите стапки на детска сиромаштија и високите цени на становите. Домовите во Окланд се едни од најскапите во светот, со цени околу 11 пати поголеми од просечниот приход. Одделно, има недостиг на станбени објекти. Повеќе од 22.800 домаќинства чекаат дом. Владата постепено ја зголеми минималната дневница во последните четири години – од 2017 досега е зголемена за 4,25 долари. Минатата година Ардерн ги охрабри работодавачите да размислат за четиридневна работна недела и пофлексибилно работно време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска