Нов Зеланд ги легализира еднополовите бракови

Од:

Парламентот на Нов Зеланд го одобри денеска законот, со кој се легализира бракот меѓу хомосексуалците.

Законот го поддржаа 77 пратеници, а 44 се изјаснија „против“. Со неговото усвојување Нов Зеланд стана 13-та држава во светот и првата во Азиско-пацифичкиот регион, која ги озакони еднополовите бракови.

Владата соопшти дека стапувањето во еднополов брак ќе се овозможи од август.

Од 2005 година во Нов Зеланд е одобрено граѓанското партнерство меѓу хомосексуалците.

Браковите меѓу лица од ист пол се легални во Аргентина, Белгија, Данска, Исланд, Шпанија, Канада, Норвешка, Португалија, Уругвај, Холандија, Шведска и Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Во Нов Зеланд, за прв пат во историјата, жена-полицаец загина на должност

Горан Наумовски

Исчезнаа алпинисти додека се обидуваа да го освојат највисокиот врв на Нов Зеланд

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите