Најмалку осум луѓе загинаа во бомбашки напад ноќеска извршен до шиитска џамија во пакистанскиот град Равалпинди, близу Исламабад.
Напаѓаот пристигнал до џамијата со мотор и активирал експлозив што го носел на себе кога бил запрен за полициска проверка. Еден од загинатите е полицаец додека 16 се ранети.
Нападот е извршен во момент кога Владата формираше девет воени судови кои ќе судат терористи по брза процедура, јави ДПА. Околу 20 отсто од населението на Пакистан се шиити и често се цел на напади на сунитски екстремисти кои ги сметаат за еретици.