Повеќе од еден милион луѓе се заразени во Соединетите Американски Држави, објави „Блумберг“, нарекувајќи го овој бран „цунами“ од случаи на омикрон.
Мутираната варијанта на коронавирусот го донесе новиот рекорд, кој е најголем досега на светско ниво. Бројот на новозаразени е речиси двојно поголем од претходниот рекорд од 590.000 случаи пред четири дена во САД.
Тоа се речиси двојно повеќе случаи пријавени од било каде откако е почната пандемијата пред две години. Најголемиот број на случаи, надвор од САД, беше во Индија за време на бранот „Делта“, кога повеќе од 414.000 луѓе беа дијагностицирани со вирусот на 7 мај 2021 година.