Нов случај на ебола во Германија

Од:

Граѓанин на градот Бохум вчеравечер бил префрлен во болница откако здравствените власти во Германија се посмневале дека тој е инфициран со вирусот Ебола, јави дописникот на МИА од Берлин.

Со строги мерки за безбедност противпожарната бригада го префрлила од неговиот дом во универзитетската болница во Дизелдорф каде што е изолиран од останатите пациенти.

Според властите во Западна Рајна Вестфалија заболениот е од Гвинеја и тој не претставува опасност за јавното здравје.

Гвинеја , Сиера Леоне и Либерија се трите најголеми жаришта на опасната болест од која според Обединетите Нации досега забоела околу 26 илјади луѓе а десетина илјади починаа. Последниот случај на Ебола во Германија е забележан во Ноември 2014 година кога доктор од Уганда успешно бил третиран во Франфурт.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени