Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во реонот на мексиканскиот главен град Мексико Сити.
Според Американскиот геофизички институт, потресот бил на десет километри под површината на земјата, со епицентар на 43 километри источно од местото Вахака во сојузната држава Оахака.
Земјотресот предизвикал вознемиреност кај населението, кое во паника ги напуштало своите домови, но засега нема информации за жртви или предизвикани метеријални штети.