Нов шпионски случај во Германија поврзан со САД

Од:

Безбедносните власти во Германија извршија претрес во домот на вработен во германското Министерство за одбрана,осомничен дека шпионирал за „една странска земја“.

Германското сојузно обвинителство во Карлсруе соопшти дека бил издаден налог за претрес во домот и во службените простории на осомничениот,но не се јавува дека било кој е уапсен.

Обвинителството засега не го открива ниту идентитетот на земјата за која се сомнева дека работел осомничениот од Министерството за одбрана во Берлин,иако германските медиуми тврдат дека одново станува збор за „американски шпион“.

Овој случај е втор ваков инцидент во текот на изминатите седум денови. Еден оперативец на германската разузнавачка агенција БНД беше уапсен на почетокот од месецов,откако беше осомничен дека им предавал тајни документи на својата американска врска во НСА.

Амбасадорот на САД во Берлин,беше повикан одново на саслушување во германската влада,по откривањето на вториот случај за кој се верува дека имало шпионирање во корист на Американците.

Официјален Вашингтон не ги отфрлаат обвинувањата дека уапсениот Германец предавал документи за американската национална агенција за безбедност,но ветува дека САД ќе работат заедно со германските власти околу разрешувањето на двата шпионски инциденти. Весниците во Берлин сега тврдат дека новиот шпионски случај со вработениот во Министерството за одбрана е „многу посериозен“ од оној со оперативецот на БНД.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска