Нов руски напад на Украина, Полска ја активираше авијацијата и против воздушната одбрана

Од:

Поради активностите на воздухопловните сили со долг дострел на Руската Федерација кои извршуваат напади на територијата на Украина, полските и воздухопловните сили на НАТО дејствуваа во полскиот воздушен простор утрово, објави оперативната команда на полскиот Генералштаб на мрежата X.

Според соопштението, во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на полските вооружени сили ги активираше сите расположиви сили и ресурси што му беа на располагање.

Дeжурните парови ловци беа кренати во воздух, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување на теренот достигнаа највисоко ниво на подготвеност, се вели во соопштението на полската војска.

Откако престанаа да се спроведуваат нападите со долг дострел од страна на руската војска врз Украина, престанаа и дејствата на полските и сојузничките воздухопловни сили во воздушниот простор на Полска, а сите системи беа вратени на стандардна оперативна активност, се заклучува во соопштението на оперативната команда на полскиот Генералштаб.

Утрово руските трупи започнаа комбиниран напад врз територијата на Украина со употреба на крстосувачки ракети и беспилотни летала, а низ целата земја беше прогласена воздушна тревога.

Би можело да ве интересира

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он