Во последните 24 часа во Мексико се регистрирани 7.280 нови случаи на коронавирусот, што е нов рекорд по бројот на пациенти за еден ден, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.
За еден ден е регистриран и рекорден број на смртни случаи – 730, со што вкупниот број на починати достигна 33.526.
Претходниот рекорд по бројот на пациенти за еден ден беше постигнат во средата, кога 6.995 лица беа тестирани позитивни на коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата во Мексико се заразиле вкупно 282.243 луѓе.