Напад со нож се случил на главната железничка станица во Хамбург, објави „Билд“. Според полицијата, три лица се во критична состојба, тројца други се тешко повредени, а шестмина имаат полесни повреди. Една жена е уапсена, но деталите засега не се објавени.
Хамбуршката полиција објави на мрежата X дека е во тек „голема полициска операција“.
Ова е трет напад со нож во Германија во последните два дена.
Да ве потсетиме дека вчера еден напад се случи во Берлин, а друг во Ремшајд.
Главните актери на тие напади беа малолетници.