Експлозии одекнуваат низ Киев, главниот град нападнат со дронови – ништо од примирјето

Од:

Русија рано утринава изврши напад со беспилотни летала врз Киев, објави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Британскиот весник „Индипендент“ наведува дека воздушните напади следеле само неколку часа откако рускиот претседател Владимир Путин предложил обновување на директните преговори со Украина.

Агенцијата ја пренесува изјавата на Кличко дека украинските единици за воздушна одбрана се обидуваат да го одбијат рускиот напад.

Агенцијата објави изјави на очевидци за експлозиите во Киев, за кои се верува дека се предизвикани од системи за противвоздушна одбрана.

Се вели дека нападот се случил откако Украина, европските лидери и американскиот претседател Доналд Трамп претходно се договорија за безусловен прекин на огнот меѓу украинската и руската страна на 30 дена.

Се потсетува дека Путин тогаш предложи одржување директни разговори „без предуслови“ на 15 мај во најголемиот турски град Истанбул.

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Полска и Украина вчера по состанокот во Киев објавија план за 30-дневен прекин на огнот во Украина.

Индипендент потсетува дека му се заканиле на Путин со нови „огромни санкции“ доколку не ги почитува.

По средбата европските лидери имаа заеднички телефонски разговор со Трамп.

Портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков накратко го коментираше овој ултиматум.

– Мора да размислиме за тоа. Ова се нови случувања. Ние имаме свој став – изјави портпаролот на Путин.

Би можело да ве интересира

Небензја: Москва не се согласува на замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

Почина 24-годишниот напаѓач кој уби шест лица во Полска

Австриец е шестата жртва во нападот во Краков, напаѓачот се бори за живот

Горан Наумовски

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

НАТО крена борбени авиони – руски и украински дронoви навлегоа во воздушниот простор на Латвија

А1он

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри