Нов извештај на британското разузнавање: Путин не може да го направи тоа што го планираше во Украина

Од:

Британското Министерство за одбрана го објави својот најнов разузнавачки извештај за руската инвазија на Украина во кој се наведува дека „потценувањето на украинскиот отпор од страна на Русија и планирањето на ’најдоброто сценарио’ довело до очигледни оперативни неуспеси“, го спречиле рускиот претседател Путин вчера да соопшти за значајни воени успеси во Украина на парадата по повод Денот на победата.

„Планот за инвазија на Русија најверојатно се засноваше на погрешната претпоставка дека руските сили ќе наидат на ограничен отпор и ќе можат да ги опколат и премостат големите градови на краток рок“, се наведува во извештајот на британските разузнавачи.

„Оваа претпоставка ги наведе руските сили да се обидат да ја изведат првата фаза од операцијата со лесен, прецизен пристап дизајниран да постигне брза победа со минимални трошоци. Оваа лоша проценка доведе до големи загуби и значително намалување на рускиот оперативен фокус“, се наведува во извештаот на британското МО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски