Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите

Од:

Израелските сили денеска, трет ден по ред, изведоа воздушни напади врз областите под контрола на Хезболах во Бејрут, чија цел беа локации во јужните предградија на тој град, јавуваат либанските медиуми.

Пет лица загинаа во нападите во областа Базурех и Ал Џумеима во јужен Либан, јави либанската национална новинска агенција (ННА), пренесе Ројтерс.

Либанските власти се уште не потврдија дали има жртви во воздушните напади врз јужните предградија на Бејрут, кои главно се евакуирани.

Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади од 7 октомври загинале најмалку 3.365 луѓе, а ранети се 14.344 ширум Либан.

Али Хасан Калил, помошник на претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, вчера изјави дека е постигнат прелиминарен договор со американскиот пратеник Амос Хохштајн, кој го пренесе предлогот на Израел за рамката за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел