Нов ирански напад, сирени во Израел и Кувајт: Тел Авив возвраќа со напади врз Либан

Од:

Сирени за воздушен напад се огласија во Израел и Кувајт откако Иран започна нов напад со балистички ракети. Тел Авив одговори со воздушни напади врз цели во Либан откако Хезболах испука ракети врз Хаифа.

Министерството за јавно здравје на Либан соопшти дека најмалку 31 лице е убиено во израелските воздушни напади на југот на земјата и главниот град Бејрут.

Противвоздушната одбрана на Кувајт повторно пресретна ирански дронови, трет ден по ред откако Иран започна напади врз цели во соседните земји од Заливот како одмазда за нападите на САД и Израел врз земјата, соопшти кувајтската цивилна одбрана. Се вели дека ова е барем трет пат алармите да се огласат во земјата во последните неколку часа. Кувајтските власти претходно објавија дека воздушната одбрана на земјата успешно ги пресретнала повеќето беспилотни летала што се приближиле до главниот град.

Сирени за воздушен напад се огласија низ централен и јужен Израел откако Иран започна нов напад со балистички ракети.

Ова беше првиот напад по повеќе од осум часа, објави „Тајмс оф Израел“.

Предупредувања за сомнителна инфилтрација на дронови се слушаат и во Горна Галилеја. Ракети и беспилотни летала лансирани од Либан активираа сирени во Хаифа и низ северен Израел рано утрово откако Хезболах започна напади врз земјата во поддршка на Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Конфликт во врвот на израелската армија: Министерот за одбрана го смени клучниот командант

Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман

Израел нема да се повлече од Појасот Газа