Нов граничен судир меѓу Кина и Индија

Од:

Кинеските и индиските војници во средата повторно се судриле во спорната погранична област, а во инцидентот имало повредени војници на двете страни, јавуваат индиските медиуми.

Инцидентот се случил минатата среда во северниот дел на Сиким, што индиската армија го опиша како „мал инцидент што бил брзо решен“.

Долж најдолгата спорна граница во светот долго време има искри и тензии, а двете страни тврдат дека имаат право врз големи територии.

Минатиот јуни, во еден од поголемите судири меѓу двете армии, во областа Ладах, загинаа најмалку 20 индиски војници.

Најновиот инцидент се случил на превојот Нату Ла, во Сиким, соопштија медиумите. Регионот Сиким е сместен меѓу Бутан и Непал, на околу 2.500 километри источно од областа Ладак.

Кинеска патрола се обидела да влезе на индиска територија и била принудена да се врати, соопштија официјалните лица.

Во соопштението на индиската армија се наведува дека инцидентот во областа Нату Ла, во северен Сиким, на 20 јануари 2021 година го решиле локалните команданти, според утврдените протоколи“.

Двете земји досега воделе само една војна, во 1962 година, кога Индија претрпе тежок пораз.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски