Нов грабеж во Кан, украдени скапи часовници

Од:

Двајца мажи вооружени со огнено оружје претпладнево ограбија луксузен дуќан за часовници во Кан, во југосточна Франција.

Засега не е позната вредноста на украдените скапи часовници. Продавницата „Хронометар“, сместена точно спроти киното во кое се одржува филмскиот фестивал во Кан, беше ограбена и во февруари. Тогаш беа украдени 150 часовници во вкупна вредност од милион евра.

Разбојниците утринава го ограбиле дуќанот за помалку од 10 минути во време на кусиот одмор за појадок на вработените, преминувајќи низ соседна зграда и разбивајќи прозорец што гледал кон задниот двор.

Во неделата во хотелот „Карлтон“ маскиран маж, вооружен со автоматски пиштол го изврши еден од најголемите грабежи во историјата, откако од таму си замина со накит со рекордна вредност од 136 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина