По протестите против амбасадорот на САД во Тајланд, Глин Дејвис, што минатиот викенд се оддржаа во Бангкок, незадоволство од мешањето на американскиот дипломат во внатрешните работи на земајта, се пошири и во другите градови на државата.
Во главните градови на десет тајландски провинции стотици демонстранти бараат Министерството за надворешни работи на Тајланд да преземе „соодветна акција’’.
Американскиот амбасадор Дејвис минатата недела на брифинг со домашни и странски новинари изјави дека е „загрижен’’ поради праксата со затворски казни да се казнуваат лицата што јавно ги навредуваат кралот и монархијата. Тој тогаш изјави дека неговата земја сака да го види Тајланд како држава во која сите жители ќе бидат слободни да го изразат своето мислење.
На коментарите на американскиот амбасадор реагираше и водачот на воениот удар, сегашниот премиер Прајут Кан-ока, кој потсети дека кралот и неговото семејство немаат легална можност да бараат казни за тие што ги навредуваат, а властите во име на највисоките морални вредности и традиции на државата ги казнуваат тие што навредуваат.
Амбасадорот Дејвис денеска за тајландските медиуми изјави дека тој има голема почит кон тајландскиот крал, чија слика, покрај портерет на Елвис Присли ја чува во својот кабинет. Тој додал дека ќе учествува во манифестацијата „сите на велосипед на кралскиот роден ден’’.
Меѓутоа, за тајландскиот министер за одбрана, генерал Правит Вонгсвун, тоа не е доволно, бидејки американскиот амбасадор оценувајќи ја актуелната ситуација во Тајланд, си дозволил премногу слобода и не ги почитувалат напорите на сегашната влада „да ја врати земјата на пат на демократијата“.