Норвешкиот премиер изјави дека војната во Украина влегла во посериозна фаза

Од:

Норвешкиот премиер, Јонас Гар Стјоре, денеска изјави дека руската војна во Украина „влезе во уште посериозна фаза“, како и дека безбедносната ситуација во Европа стана понапната по оштетувањата на гасоводите во Балтичкото Море.

„Нуклеарна војна не може да се добие и не смее да се води. Тоа го знае и рускиот режим“, рече тој.

Гар Стјоре рече дека е природно да се чувствува страв кога соседот се заканува со нуклеарно оружје.

„Доколку радиоактивност дојде кон Норвешка, ние сме добро подготвени“, изјави тој ценејќи дека не постои директна воена закана по таа земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците