Норвешки неонацист поврзан со Брејвик уапсен во Франција

Од:

Норвешки неонацист, поврзан со напаѓачот од островот Утоја Андерс Брејвик, беше уапсен заедно со својата сопруга Французинка во департманот Корез, Централна Франција.

– Тој е приведен откако е проценето дека може да организира голем терористички напад, изјави францускиот министер за внатрешни работи Маноел Валс.

Четириесетгодишниот композитор на блек метал музика Кристијан Викенерс, наречен Варг, и неговата 25-годишна сопруга Мари Каше биле приведени во нивниот дом во Салон ла Тур, каде живееле со трите деца.

Викенерс бил осуден во 1994 година во Осло на 21 година затвор за убиство на свој пријател и соучесник, усмртен со над 20 убоди од нож, но во 2009 година бил предвремено ослободен и од 2010 живее во Франција.

Обвинителството во Париз појасни дека одлуката за апсење била донесена откако сопругата на Викенерс го привлекла вниманието со купување на четири пушки. Каше имала дозвола за поседување оружје.

При претресот на неговиот дом биле пронајдени вкупно пет пушки. Освен тоа, тој на Интернет отворено давал ксенофобски и анисемитистички изјави.

Викенерс бил под надѕор во изминатите години поради врската со напаѓачот на островот Утоја Андерс Брејвик. Тој бил еден од луѓето, кому Брејвик им испратил манифест, пред на 22 јули 2011 година да убие вкупно 77 лица во Осло, и на островот Утоја.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина