Норвешката полиција уапси четворица Руси

Од:

Норвешката полиција приведе четворица руски државјани откако фотографирале заштитени објекти во северната провинција Нордланд, јавија денеска локалните медиуми.

Полицијата привела тројца мажи и една жена, додека вршеле проверка и претрес на автомобил со руски регистарски таблички.

Полицајците тогаш ги пронашле нивните камери со фотографии од спорните објекти.

Приведените пријавиле дека во Норвешка пристигнале како туристи.

Окружниот суд во Хелгеланд на осомничените им одреди седумдневен притвор.

Не е соопштено кои објекти се фотографирани.

Норвешка ја засили својата безбедносна политика во последниве недели по извештаите за неидентификувани летови на дронови во близина на нејзината енергетска инфраструктура.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски