Норвешка воведува задолжителен тест за Ковид-19 на граничните пунктови

Од:

Од денеска властите во Норвешка воведуваат тест за Ковид-19 на граничен пункт за сите лица кои влегуваат во државата, а кои во последните 14 дена биле во земја со црвен индекс на ризик.

Тестот ќе биде PCR или антиген брз тест и ќе биде бесплатен. Исклучок е предвиден за деца под 12-годишна возраст; за граѓаните кои можат да докажат со медицински документ дека прележале коронавирус во последните 6 месеци или за граѓаните со витални функции во општеството.

Граѓаните кои одбиваат да бидат тестирани без основана причина и не ја напуштат Норвешка веднаш, ќе им биде изречена парична казна и ќе бидат сместени во карантин хотел за периодот на задолжителниот карантин од 10 дена.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ