Норвешка под наем ќе користи затвори во Холандија

Од:

Холандија и Норвешка потпишаа договор од 25 милиони евра, во кој се предвидува Осло од септември да почне да користи под наем холандски затворски келии, пренесе БТА.

Договорот беше потпишан од холандскиот државен секретар за правосудство Фред Тевен и норвешкиот министер за правда Андерш Анундсен, соопшти холандското Министерство за правда.

Договорот треба да биде одобрено од Парламентите на двете земји. Тој предвидува пристигнување на 242 норвешки затвореници во затворот Норгерхарвен, Североисточна Холандија од 1 септември годинава.

– Причина за овој меѓудржавен договор е дека Холандија има вишок келии, а Норвешка нема доволно место за своите затвореници, појасни Министерството за правда.

Околу 1.300 лица во Норвешка чекаат да излежат пресуди поради недостиг на места во затворите.

Кон тие затвореници ќе се применува норвешкото право. Тие ќе бидат чувани од норвешки чувари, а затворот ќе се раководи од Норвежанец.

Роднините на норвешките затвореници се противат на договорот, бидејќи затворениците ќе бидат преместени во друга земја, на стотици километри од Осло, и тоа ќе ги отежне можностите за семејни посети.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов