Норвешка ја зголемува воената готовност поради Русија

Од:

Норвешка од 1 ноември ќе ја стави армијата во готовност поради војната во Украина, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе на прес-конференција.

Норвешка сега е најголемиот извозник на природен гас во Европската унија, обезбедувајќи околу една четвртина од европскиот увоз по намалувањето на протокот на руски гас.

„Ова е најсериозната безбедносна ситуација во последните неколку децении. Нема индикации дека Русија ја шири својата војна во други земји, но поради зголемените тензии, ние сме повеќе изложени на закани, разузнавачки операции и кампањи за влијание“, рече премиерот Гар Сторе.

Норвешка распореди војска за да ги чува своите офшор платформи и објекти на копно по нападот на Северен поток на 26 септември и доби поддршка од британската, француската и германската морнарица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск