Норвешка ги доби првите три американски борбени авиони Ф-35

Од:

Норвешкото Кралско воено воздухопловство денеска ги прими првите три борбени авиони од типот Ф-35, произведени од американската компанија „Локид Мартин“.

Норвешка планира до 2024 година да купи вкупно 52 летала Ф-35, а вкупната вредност на зделката се проценува на 8,8 милијарди долари.

Од 2019 година овие најмодерни американски воени авиони ќе почнат да патролираат на норвешкото небо.

Норвешка е една од земјите кои учествуваат во развојот на овој авион-ловец, кој треба да биде водечко борбено летало на САД и на западните сојузници, но воедно беше доста критикуван поради бавниот и скап развој на проектот и поради проблеми со некои од перформансите.

Матична база на норвешките авиони Ф-35 ќе биде воената база Орланд во близината на Трондхајм.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Авион се урна во близина на американски аеродром, нема преживеани

Горан Наумовски

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април