Nokia планира да ја започне 2013 со таблет за Windows 8, кој според податоците на The Verge ќе се нуди и од американскиот оператор AT & T.
Сепак, најголемиот предизвик е таблетите со Windows 8 да се наметнат на пазарот, каде што доминира iPad на Apple, како и огромниот избор на Anroid таблети од кои се издвојуваат Google Nexus 7 и Samsung Galaxy Tab.
Единствен начин да се привлечат потрошувачите не е софтверот на Microsoft, кој иако доби позитивни критики за функционалноста, сеуште има долг пат за да ги стигне iOS и Android, токму затоа понудата на одличен и иновативен хардвер може да направи некаква промена на пазарот.