Нобеловата награда за медицина за лекувањето паразитски болести

Од:

Ирецот Вилијам Кембл, Јапонецот Сатоши Омура и Кинеската Јују Ту се овогодишните добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Тие се наградени за нови методи, кои го унапредиле лекувањето на паразитски болести, вклучувајќи ја и маларијата.

Половина од наградата и припадна на Јују, а останатата половина ја делат Кембл и Омура.

Лауреатите за Нобелова награда за физиологија или медицина се одредуваат од Кралскиот Каролински медицинско-хируршки институт во Стокхолм. Наградите се доделуваат од кралот на Шведска на церемонија во Стокхолмската концертна сала на 10 декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловата награда Алфред Нобел.

Првата Нобелова награда за физиологија или медицина е доделена во 1901 година на Елим Адолф фон Беринг за неговата работа на серумската терапија, специјално во случаи на дифтерија.

Нобеловата награда во оваа област минатата година ја добија Американецот Џон О’Киф и норвешкиот брачен пар Меј Брит и Едвард Мозер за откривање на клетки, кои го сочинуваат позициониот систем во мозокот.

Меѓу попознатите добитници на Нобеловата награда за медицина се Иван.П Павлов, Роберт Кох, Александар Флеминг, Џорџ Бидл, Едвард Тејтем, Џошуа Ледрберг…

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска