Нобеловата награда за медицина за Џон Б. Гурдон и Шинаја Јаманака

Од:

Нобеловата награда за физиологија или медицина во 2012 заеднички ќе ја поделат Џон Б. Гурдон и Шинаја Јаманака за откритието дека зрели клетки може да се репрограмираат и да станат плурипотентни.

Собранието за доделување на Нобеловата на града од Кринолинска институтот во Шведска одлучи наградата да им ја додели на двајца научници кои откриле дека зрели, специјализирани клетки може да се репрограмираат и да станат незрели клетки способни за развивање во сите ткива на телото.

Нивните откритија доведоа до револуција во нашето разбирање за тоа како се развиваат клетките и организмите.
Џон Б Гурдон во 1962 година открива дека специјализацијата на клетки е реверзибилна.

Во класичен експеримент, тој го замени клеточното јадро на незрела клетка во јајце клетка на жаба со јадро од една зрела цревна ќелија. Оваа модифицирана јајце клетка се развива во нормален полноглавец, затоа што ДНК од зрела клетка се уште ги има сите информации потребни за развој на клетките на жаба.

Шинаја Јаманака повеќе од 40 години подоцна, во 2006 година, како непроменети зрели клетки кај глувците може да се репрограмираати и да станат незрели матични клетки.

Изненадувачки, со воведување на само неколку гени, тој може да репрограмира зрели клетки да станат плурипотентни матични клетки, односно незрели клетки кои се способни да се развијат во сите типови на клетки во телото.

Овие откритија целосно го променија нашиот поглед на развојот и специјализацијата на клетките. Сега разбираме дека зрелите клетки не мора да бидат ограничен засекогаш да нејзината специјализирана состојба.

Сер Џон Б. Гурдон е роден во 1933 година во Дипенхал, Велика Британија. Тој го добил својот докторат од Универзитетот во Оксфорд во 1960 година и беше постдокторски соработник на Калифорнискиот институт за технологија. Се приклучи на универзитетот Кембриџ, Велика Британија, во 1972 година и служеше како професор по клеточна биологија и мајстор на Магдалена колеџ. Гурдон во моментов работи на Гурдон институт во Кембриџ.

Шинаја Јаманака е роден во Осака, Јапонија во 1962 година. Тој ја доби својата медицинска диплома 1987 година во Кобе универзитетот и е обучен ортопедски хирург, пред да се премине на базични истражувања. Јаманака докторира во Осака Универзитетот во 1993 година, по што тој работел во Гледстон институт во Сан Франциско и Нара институт за наука и технологија во Јапонија. Јаманака во моментов е професор на Универзитетот во Кјото.

Нобеловата награда на двајцата ќе им биде доделена на 10 декември во Стокхолм, Шведска, каде ќе добијат медали и 10.000.000 шведски круни, или близу 1,3 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска