„Њујорк тајмс“: Турција е еден од најголемите извори на странски борци за екстремистичката ИД

Од:

Турција е еден од најголемите извори на странски борци за екстремистичката група „Исламска држава“ (ИД), пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на турски владини претставници и медиумски информации.

Во написот се наведува дека околу илјада Турци се приклучиле кон џихадистичката организација. Потенциран е примерот на 27-годишен поранешен борец, кој заминал во Сирија заедно со десетмина свои пријатели и се приклучил во редовите на борците на ИД по 15 дена обука. За време на борбите тој убил двајца мажи, учествувал во јавна егзекуција и погребал жив човек.

Според податоци на САД, Исламската држава има меѓу 20.000 и 31.500 борци.

Досега Турција му дава отпор на меѓународниот притисок за присоединување во коалицијата од држави, која има за цел преку воена сила да ја спречи офанзивата на ИД. Анкара нагласи дека сака да има единствено хуманитарна улога.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он