„Њујорк тајмс“: Кинеските власти разбиле шпионска мрежа на ЦИА во Кина

Од:

Кинеската Влада „системски работела на разбивање“ на шпионска операција на ЦИА во Кина, почнувајќи од крајот на 2010 година, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Американскиот весник пишува дека во наредните две години кинеските власти убиле или затвориле најмалку десетина извори на ЦИА.

Весникот цитираше десетина анонимни сегашни и поранешни американски претставници, според кои овој упад во разузнавањето е еден од најголемите во последниве децении.

„Њујорк тајмс“ наведува дека американските разузнавачки и безбедносни агенции се обидуваат да ја намалат штетата, но меѓу нив владее голема поделба.

Некои од истражителите сметаат дека во ЦИА постои „крт“, додека други оценуваат дека Кинезите го хакирале тајниот систем на ЦИА што го користи за комуникации со нејзините странски извори.

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) не сакаше да ги коментира овие наводи.

Би можело да ве интересира

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините

Трамп упати „поздрав“ до Кина: Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не

Трамп: Кина е многу потешко погодена од американските царини од 54 отсто

Трамп: Царините се „многу важни“ за националната безбедност на САД

„Самоуништувачко насилство“ – Кина вети решителни контрамерки против царините на Трамп

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски