„Њујорк пост“: Трамп нема да се сретне со Путин ако тој не се согласи да седне на разговор со Зеленски

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи да се сретне со Владимир Путин само ако рускиот претседател се согласи да разговара и со Володимир Зеленски, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на функционер од Белата куќа.

„Путин мора да се согласи да се сретне со Зеленски за да се одржи средбата“, рече неименуваниот функционер.

Тој додаде дека локацијата сè уште не е утврдена.

Порано денес, Кремљ потврди дека средбата Трамп-Путин ќе се одржи „во наредните денови“, а Путин ги наведе Обединетите Арапски Емирати како можна локација. Но, во исто време, ги намали изгледите за средба со Зеленски, велејќи дека средбата може да се одржи само „кога ќе се создадат одредени услови за тоа“.

„Немам ништо против тоа во принцип, можно е, но условите мора да се создадат. За жал, сè уште сме далеку од тоа“, им рече Путин на новинарите во Кремљ.

Би можело да ве интересира

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика